
The Project
THE Z RESIDENCE
Жданец · Скопје
Еден современ волумен во Жданец. Четири приватни дома. Комплетен smart стандард, вграден пред клучот да се предаде.
01 · Project
Ова не е уште една зграда.
THE Z RESIDENCE by QWERTY Investment е станбен проект во Жданец. Не блок. Не густина. Не стан за доработка.

02 · Идеја
Архитектурата ги собира домовите.
Не ги дели со ходници на туѓи врати. Еден современ волумен со четири приватни резиденции — секоја одделен дом, со свој ритам и свој поглед.
Премиум материјалите и smart системите се дел од градбата: подно греење, топлинска пумпа, fan coil, паметни ролетни и паметно осветлување.
На ул. Просек бр. 2, на западните падини на Водно. Висина над градот. Тишина што се живее.

03 · Стандард
Материјал и системи, заедно.
- Камен
- Даб
- Стакло
- Месинг
Каменот, дрвото и светлината го носат карактерот. Системите го носат денот: топлина, клима, ролетни, осветлување. Ништо не се остава за после.
Затоа проектот не се чита како каталог на станови. Се чита како дом што е комплетен од првиот ден — во населба што го заслужува тоа.
04 · Волуменот
Четири приватни резиденции.
Од градината до rooftop. Четири нивоа во еден објект. Истиот стандард. Поинаква височина, светлина и карактер. Изборот на дом е на страницата Резиденции.
